По налог на финансиската полиција, се врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, дознава Фокус.
Оваа институција под капата на Министерството за финансии подолго време води постапка против Јакимовски заради сомневање за злоупотреба на службена положба.
Се уште е неизвесно е дали поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на опозициската ГРОМ ќе биде приведен.
Инаку, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, во интервју за Фокус пред неколку седмици откри дека водат истрага во 6 општини за доделување на договори за јавна набавка, маркици за градба и слични злоупотреби.
Притоа, тој најави дека набрзо треба да има разврска за две од овие истраги, а првата очигледно се однесува на Општина Карпош за време на управувањето на Јакимовски.
Првично, Јакимовски стана градоначалник на Карпош како кандидат на ЛДП со поддршка на СДСМ, но по нарушувањето на оваа коалиција премина во СДСМ.
Сепак, поради несогласувања со поранешниот сдсмовски лидер Бранко Цренковски ги напушти социјалдемократите и ја формираше ГРОМ, која потоа влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, тој е еден од ретките опозициски лидери кои не тактизираат со ставот околу референдумот и најави дека неговата партија ќе го бојкотира.