Маж од Кочани на возраст од 40 години бил повикан на разговор во полициска станица бидејќи се сомничи дека пред неколку дена на социјална мрежа објавил компромитирачка снимка од 33-годишна жена.
Полицијата во неговиот дом нашла компјутер и мобилни телефони за кои смета дека можеби се поврзани со делото.
– На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина. Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.