450
Полициски службеници од СВР Штип вчера ги лишиле од слобода Т.З.(44), М.Д.(19) и А.Ј.(22), сите од Штип.
При претрес во домот на Т.З., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати М.Д. и А.Ј., соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, две дигитални ваги, пари и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.