Неколку силни експлозии се слушнаа во главниот град на Украина, додека Киев е под 35-часовен полициски час.
Една од експлозиите била толку силна што вклучила аларми за автомобили во центарот на градот, сведочеше екипа на Си-Ен-Ен.
Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, изјави дека украинската противвоздушна одбрана ангажирала и уништила руска ракета Точка-У и дека остатоците од проектилот паднале во реката Днепар.
Гранатирање и истрели од лесно оружје, исто така, можеа наизменично да се слушнат во текот на изминатите неколку часа.
Киев во моментов е под полициски час што го објави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко во понеделникот. Во изјавата на Телеграм, Кличко рече дека полицискиот час ќе започне во понеделник во 20:00 часот и ќе трае до 7:00 часот во среда.