Претпладне умерено облачно, попладне дожд, грмежи и ветер

by Fokus

Времето претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град, предвидуваат синоптичарите од Управта за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 14 степни, а максималните од 17 до 27 степени/

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Поврзани новости