469
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град.
Утринските температури се движат од 6 до 14 степени, а максималните дневни ќе достигнат меѓу 15 и 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и во околината се очекува сончево време со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со максимална температура до 24 степени.