380
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината, ретки грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.