Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
И во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во текот на следната недела во попладневните часови ќе се задржи нестабилното време со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.