488
Времето претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а доцна попладне во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.