456
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во северните, југоисточните и западните делови ќе врне и дожд проследен со грмотевици.
Ќе дува и слаб до умерен западен и северозападен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 8, а максималните од 20 до 23 степени. Во Скопје температурите ќе бидат од 7 до 20 степени.
Променливо облачно и претежно врнежливо ќе биде времето во текот на овој месец. Просечните температури ќе бидат променливи и ќе си движат наутро до 10 степени, а преку ден до 26 степени.