414
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.
Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 30 до 38 Целзиусови степени – Скопје 32, Маврово 26, Крива Паланка 29, Охрид и Битола 31, Берово 30, Кавадарци 35, Дојран 38.
Прогнозата за утре е сончево и топло со мала до умеререна локална облачност и дневни температури од 28 до 36 степени.