452
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималните од 19 до 28 степени целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.