Претпладне сончево, попладне дожд

by fokus

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне до 7.

И во Скопје претпладне ќе биде сончево со слаб северен ветер, а од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, а претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.

Поврзани новости