Претпладне сончево и топло, попладне со локална нестабилност

by Fokus

Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност.

Попладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 8.

Утринските температури се движат меѓу 13 и 20, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервал од 26 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата ќе се искачи до 35 степени.

 

Поврзани новости