Претпладне сончево и топло, попладне облачно

by Fokus

Времето денеска сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.

UV=6

Во Скопје и во околината ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време.

Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Поврзани новости