Претпладне променливо облачно со слаб дожд, сончево во текот на денот

by Fokus

Претпладне променливо облачно со слаб локален дожд, во текот на денот сончево и до умерено облачно – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки рабоит (УХМР) за денеска. Ќе дува умерен до засилен, а на места повремено силен ветер од југозападен правец.

Минималните температури денеска во земјава ќе се движат во интервал од 3 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 23 степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 7 до максимални 22 степени.

УХМР слично време најавува и за утре, а во текот на претстојниот викенд нè очекува сончево и топло време со температури до 28 Целзиусови степени.

Поврзани новости