535
Најмалку 35 лица загинаа во автобуска несреќа во Зимбабве, кои патувале на Велигденски настан, јави ДПА.
Портпаролот на полицијата Пол Нијати денеска соопшти и за 71 повреден патник, 13 во потешка состојба.
Автобусот превезувал над 100 лица, членови на ционистичка црковна заедница, на богослужба. Но, излетал од патот и се излизгал по падината, во југоисточниот град Чипинг, во раните утрински часови, појасни Нијати.
Автобусот имал околу 60 седишта и бил претоварен.
Зимбабве има лоши патишта и лошо одржувани возила, а брзото возење е вообичаено, пишува германската агенција