Претепани двајца затвореници од „Идризово“

by Fokus

Групна тепачка вчера попладне се случила во затворот „Идризово“, меѓу затворениците.

Како што информираа од полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците А.Ц.(23) и Ј.Ц.(25), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети. А.Ц. и Ј.Ц. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости