Претепан новинарот Зоран Божиновски

by Fokus

Две лица со фантомки и боксирачи синоќа во Битола брутално го претепале сопственикот на „Буревесник“, Зоран Божиновски.

Имено, инцидентот се случил пред вратите на неговата зграда, а тој со скршеници на носот и тешки повреди на главата завршил во болница.

„Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е вознемирено и потресено, на станарите од десетина станбени згради во моето соседство синоќа им е испратена порака: Не сте безбедни, ова е небезбедна држава, секој може да ве начека пред вашиот влез и да ве претепа, не очекувајте подобро од ова“, напиша тој на социјалните мрежи.

Поврзани новости