541
На денешното рочиште за случајот “Шпион се случи пресврт, бидејќи бизнисменот Минчо Јорданов истакна дека нема да бара отштета од обвинетите, но и дека нема да се приклучи на кривичниот прогон на обвинетите.
Тој иако во обвинителниот акт е посочен како сведок оштетен, но и самиот истакна дека дел од обвинетите му барале дополнителни средства за услуги кои му ги вршеле, сега истакна дека не бара штета.
Тој пред судот појасни не бил уценуван и не добивал директни закани, но бил потсетуван дека треба да исплати уште пари, по што излегувале навредливи содржини за него во Буре весник.