Пресврт во Лозово: Велковски изгуби со 39 гласа!

by Fokus

По тесното водство на кандидатот за втор градоначалнички мандат во Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ, сепак неговиот противкандидат Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ, по преброени сто проценти од гласовите, освоил 39 гласа повеќе од него.

Според податоци од ДИК, во Лозово гласале 1.568 избирачи, а 41 од гласачките ливчиња биле неважечки. Со освоени 783 гласа, односно 39 гласа повеќе од Велковски, Цветковски веќе започна да добива честитки за победата.

-Имам само едно да ви кажам, победа, напиша тој на својата официјална страница.

Вики Клинчарова

Поврзани новости