Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ успеа да го врати старателството над синот Александар во правната битка што ја води со поранешниот сопруг Милан Поповиќ.
Жупанискиот суд во Сплит ја повтори својата претходна законска одлука според која таткото и мајката на дванаесетгодишното момче се обврзани да го делат родителството над своето дете, односно „да ги извршуваат родителските права и должности со договор, заеднички и еднакво“.
Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничките родителски права на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, која предизвика голема бура во јавноста и вратено целосно старателство на таткото, има уште еден пресврт.
Имено, како што дознава „Слободна Далмација“, Сплитскиот Жупаниски суд на седницата одржана на 6 февруари годинава практично ја повторил првобитната одлука според која таткото и мајката на момчето се должни „да го вршат старателството спогодбено, солидарно и еднакво“.