Според искуствата на Коалиција Маргини и ХОПС, во периодот кога се извршени повредите, полицијата имаше пракса на арбитрарно земање на ДНК примероци од луѓе што употребуваат дроги, прекршувајќи го нивното право на приватност.
Постапка пред домашните институции и пред ЕСЧП, како што е наведено во соопштението, е водена од страна на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ и Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Од Коалиција Маргини апелираат пресудата на ЕСЧП да се почитува и да се спроведе во најкус можен рок, пред сé преку донесување јасна законска рамка за начинот на земање, обработка и чување ДНК примероци и прекинување на практиката на произволно земање ДНК примероци и унапредување на третманот кон луѓето кои употребуваат дроги од страна на полицијата. МИА