431
Пукање од огнено оружје ги вознемири денеска жителите на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир околу 19.00 часот. Во близина на маркетот Принц дошло до престрелка меѓу две лица од една страна и едно лице од друга страна.
Наводно повредено е едно лице кое е однесено со Брза помош. Екипи на МВР вршат увид на местото на настанот и од таму велат дека со повеќе детали ќе излезат утре.
Неофицијално причина за престрелката се нерасчистени имотно правни односи.