Жителите на улица „Рузвелтова“ синоќа на полноќ биле вознемирени од престрелка и бркотница на возила која се случила долж улицата. Три лица кои биле во возило „Сеат алтеа“ биле нападнати со автоматско оружје. Напаѓачите се наоѓале во џип Лендровер со зелена бојa.
Нападот почнал пред седиштето на СЈО, но возилото на нападнатите се движело уште стотина метри до кафетеријата Жапон. Според неофицијални информации возилото „Алтеа“ тука удрило во две возила и запрело.
Очевидци сведочат дека еден од нападнатите барал помош која што се обиделе да му ја пружат луѓе од околните локали додека џипот Лендровер продолжил кон Зоолошката Градина.
-На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на СЈО пукано е во ПМВ „Сеат Алтеа, каде што во возилото биле лицата Наим Аети (1974) од ул.„Методија Андонов Ченто“кој од здобиените повреди од истрели починал на лице место, а додека лицата Ф. Е. (1999) и А.П. (1969) со возила на ИМП се пренесени во УЦ Мајка Тереза- информираа од МВР.