Американскио Стејт департмент соопшти дека специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман, Џејмс Рубин, идната недела ќе посети неколку земји од Западен Балкан, вклучително и Македонија каде ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите, но и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Тој од 10 до 14 април ќе ги посети Подгорица, Скопје и Тирана
„Тој ќе се сретне со владини претставници во Подгорица и Скопје за да ја зајакне поддршката за иницијативите против дезинформациите. Ќе разговара за напорите на Русија, Кина и другите злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност ширум светот и како нашите нации можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор“,се вели во соопштението.
За време на неговиот престој во главниот град на Албанија, Тирана, тој ќе се сретне со американските амбасадори од Западен Балкан. Посетата доаѓа по неговата изјава дека медиумскиот простор на Балканскиот полуостров е полн со дезинформации кои доаѓаат од руска страна.