Престанува забраната за одржување семинари, обуки, работилници, курсеви

by Фокус

Од утре престанува да важи забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, соопшти Владата. На денешната седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19.

Со овие измени и дополнувања од утре полицискиот час ќе почнува во 21:00, а не од 20:00 како досега. Забраната и посебниот режим на движење нема да важи ноќта меѓу 1 мај – 2 мај, за време на Велигден, како и вечерта на 13 мај за време на Рамазан Бајрам.

-Од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што ќе бидат затворени за посетители“, наведува Владата.

Поврзани новости