480
Пресконференцијата на која еврокомесарот Хан требаше да ги соопшти резултатите од денешните преговори неизвесно е дали воопшто ќе се одржи. Последната информација е дека таа можеби ќе се одржи во 21 часот, но ни тоа не е сигурно.
Првично, пресконференцијата беше закажана во 18:30 часот, но бидејќи договор дотогаш не бил постигнат, таа се помести за 20 часот. Според неофицијални информации, четворицата лидери се далеку од договор и затоа неизвесно е дали воопшто вечерва еврокомесарот ќе појави пред новинарите.