Пресметка меѓу двајца доктори во операциона сала во Клиничката болница во Штип

by Fokus

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава на инцидент, кој се случил вчера во операциона сала во Клиничката болница во Штип. Како што дознаваме, се работи за двајца доктори, кои оперирале на двајца различни пациенти.

-На 05.02.2025 во 12.45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, соопшти СВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости