Пресек на ДИК: Најмногу потписи досега собрал Османи, по него следуваат Димитриевски и Ванковска

by Фокус

Заклучно со вчерашниот ден, вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата.

Од податоците што ги објави ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади.

Најмногу потписи, според пресекот на Комисијата, има Бујар Османи, кандидат на ДУИ – 5.405.

Втор на листата е лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски со 3.613 потписи.

Кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, има добиено 2.758 потписи.

Од останатите кандидати, блиску до 2 илјади потписи е кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој досега има 1.974.

На листата од 11 кандидати, сите останати имаат помалку од илјада потписи.

Кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари, има 246 потписи, а само три повеќе од него има Вело Марковски.

Поврзани новости