Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија

by fokus

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид, денеска го приведоа З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија во С Македонија во вкупна вредност од околу 300.000 евра, инфомираат од МВР.

– З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско, со намера да изврши неовластено пренесување на дрога и во близина на место викано „Ушине“ од албански државјани преземал пет големи платнени торби во кои имало марихуана во различни пакувања, во вкупна количина од околу 100 килограми, велат од МВР.

– Потоа З.С. се упатил по регионалниот пат Св.Наум кон Охрид, со намера дрогата  неовластено да ја пренесе од Охрид за Скопје и поради финансиски долг да ја предаде на купувачи. Во 04.30 часот од страна на полициски службеници возилото било сопрено и при извршен преглед дрогата била пронајдена и одземена, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, соопштија од МВР.

Во координација со Јавен обвинител, СВР Охрид поднесе кривична пријава до ОЈО Охрид против З.С. од Охрид, поради постоење  основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по чл.215 ст.1  од Кривичниот законик.

Поврзани новости