0
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува препораки за здрава празнична исхрана и за избегнување на непосакуваните состојби предизвикани од консумирањето алкохол.
Во препораките од ИЈЗ се посочува и на опасностите од употребата на пиротехнички материјали и за сериозните негативни последици до кои може да дојде.
Од ИЈЗ велат дека не треба да се јаде се што е на трпезата и оти треба да се јаде полека.
“Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол. Консумацијата на алкохол може да предизвика непосакувани состојби, а алкохолот е и многу калоричен. За лицата на возраст од 15 до 39 години нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици“, се вели во препораките од ИЈЗ.