Препорака за кривично гонење на соработник на Трамп

by Фокус

Претставничкиот дом на САД, во кој мнозинството го држат демократите, гласаше да му препорача на американското Министерство за правда да поднесе кривична пријава против Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на претседателот Доналд Трамп.

Причината е тоа што тој не се одзвал пред истражен одбор на Долниот дом на Конгресот да сведочи за нападот врз Капитол Хил на 6 јануари.

Притоа, двајца републиканци, конгресменот Лиз Чејни од Вајоминг и Адам Кинзингер од Илиноис, кои се членови на истражниот комитет, гласаа заедно со демократите за поднесување кривична пријава против Медоус.

Поврзани новости