Граѓаните на Тетово добија препорака од СВР и од Општина Тетово да не излегуваат без потреба од своите домови, поради влошен квалитет на воздухот по големиот пожар што изби утрово во фабриката на влезот во градот. Со вонредна информација за квалитетот на воздухот во Тетово излезе и Центарот за управување со кризи.
-Најпогодени се оние со белодробни васкуларни и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани кои имаат потреба да бидат надвор, задолжително да носат заштитни маски по можност Н95. Во домовите да се чуваат затворени вратите и прозорците, прорачуваат од ЦУК.
Оттаму информираат дека во 12 часот на местото на пожарот пристигнала и екипа од Армијата со еден хамер и 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната во Тетово со опрема и апарати за гаснење пожар.