Преполн камион со патници што оделе на свадба паднал во река во Етиопија – загинале најмалку 70 лица

by Fokus

Најмалку 70 лица загинаа во Етиопија откако камион падна во река во областа Бона, соопштија тамошните власти. Овој регион се наоѓа на околу 300 километри јужно од главниот град Адис Абеба.

До несреќата дошло камионот преполн со патници што оделе на свадба паднал во реката.

„Преживеаните патници се хоспитализирани во централната болница во Бона“, велат од Етиопската државна телевизија.

Портпаролот на регионалната влада на Сидама, Восенјеле Симион, изјави дека неколкумина повредени патници се во критична состојба.

Од сообраќајната полиција, пак, соопштија дека камионот бил преоптоварен, што веројатно ја предизвикало несреќата.

Поврзани новости