Холандскиот премиер Марк Руте денеска ќе се сретне со кралот Вилем-Александар за да разговара за привремената администрација, еден ден откако владата на десниот центар падна поради несогласувањата околу миграциската политика.
Оставката на коалициската влада значи дека парламентот најверојатно ќе се распушти и Холанѓаните ќе излезат на општите избори што ќе се одржат во ноември.
Се очекува кралот Вилем-Александер, како шеф на државата, да побара од коалицијата на Руте да остане како преодна влада додека не се формира нов кабинет по изборите, што ќе трае неколку месеци.
Оставката на коалициската влада значи дека парламентот најверојатно ќе се распушти и Холанѓаните ќе одат на општи избори што ќе се одржат во ноември, објави Ројтерс.
Руте (56), кој е на власт од 2010 година, веќе е холандскиот премиер со најдолг стаж.