Пренџов: ГРОМ продолжува со ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во „Студио 10“ на Телевизија 24 на новинарско прашање „дали се подготвува за Влада и која Влада“, тој истакна:

„Можам јасно и гласно да кажам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи целта за која што сме во коалиција веќе повеќе од 7 години е да Република Македонија биде просперитетна држава, граѓаните да имаат подобра економска благосостојба, да имаме држава со намален криминал и корупција, да бидеме држава која што ќе има еспектиран правен систем и тие се основите со кои што со ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме понатаму. Таму разговори не сум слушнал барем не вака јавно, може сум пропуштил бидејќи ја водевме кампањата од сабајле до вечер во општина Карпош“, истакна Пренџов.

Поврзани новости