Пренџов: 3aeв врши невидени притиcoци врз пратениците во Собранието за да остане на власт

by Fokus

Зоран Заев, продолжува со својата пракса да врши, невидени притисоци врз пратениците во Собранието, со цел да ја сочува власта, рече во своето гостување во утринската програма на „Телма“, пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Пратеникот Пренџов, вчерашната посета на Заев со Собранието ја смета како притисок, посочувајќи дека биле вршени закани и уцени врз пратеници, се со цел, тие да не гласаат за недоверба на Владата.

Како пример за ова дело, го наведе, делувањето на премиерот Заев врз пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи. Имено, пратеникот на ГРОМ, вели дека пратеникот Реџепи се потпишал на списокот на недоверба на Владата, за потоа да најави дека се повлекува, бидејќи Левица е дел од новото парламентарно мнозинство.

 

Поврзани новости