Преминување на границите без тестови и карантин ќе се договара со земјите од регионот

by Frosina Fakova

Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска и утре, по што ќе се донесе соодветна одлука, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

– Нашата анализа, но и онаа на бројот на случаи и состојбата во земјите во регионот и информациите кои се добиени од комуникацијата со министрите за здравство укажува дека целиот регион е во услови на ист епидемиолошки ризик. Ова беше тема на разговор на состанокот на Комисијата за заразни болести, а ќе продолжи и денеска и утре, по што ќе донесеме соодветна одлука. И денеска ќе разговараме со колегите од министерствата за здравство на соседите за да ни укажат на најновите созјанија, бројот на случаите, ситуацијата, начинот на трансмисијата. Сепак сметам дека за ова прашање треба да имеме регионален пристап, рече Филипче.

Поврзани новости