Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска остварил средба со Владо Стојанов, претседател на здружението „Бранители – херои на Македонија од 2001“.
На средбата се разговарало за досегашната државна помош за семјствата на загинатите бранители и за опциите за продолжување на поддршката.
Заев и Спасовски, порачале дека барањата и предлозите од здружението „Бранители-херои на Македонија од 2001“, ќе бидат сериозно разгледани и ќе бидат изнајдени решенија согласно законските прописи.
Премиерот Заев укажал на определбата на Владата на Република Македонија да работи како сервис на граѓаните на Република Македонија и во тој дух истакнал дека владата се става на располагање на семејствата на загинатите бранители во изнаоѓањето решенија за нотираните проблеми согласно законските прописи и уредби.