Премиерот Зоран Заев денеска ќе појадува заедно со бизнисмените. Овој традиционален деловен појадок го организира Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).
На свечениот настан, во присуство на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаат премиерот Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска.
На настанот, како што најавуваат, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. За таа цел, Сојузот подготви пакет од над 80 економски мерки од областа на измена на законска регулатива, административни бариери и парафискални давачки, дигитализација и икт сектор, надворешна и внатрешна трговија, индустрија и градежништвото. Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во соодветната област.