578
Премиерот Зоран Заев во понеделник ќе се сретне со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, потврдиле од Владата за „360 степени“.
На средбата се очекува да се разговара за последните изјави на еврокомесарот за проширување, Оливер Вахељи, кој рече дека е можно Македонија и Албанија да се одвојат во процесот за пристапување кон ЕУ. Од Владата засега не соопштуваат детали околу средбата.