Премиерот Зоран Заев до крајот на денот би требало да поднесе оставка. Оставката се поднесува 100 денови пред вонредните парламентарни избори на 12 април, за да се формира техничка влада според таканаречниот „Пржински модел“ кој прв пат е применет за изборите во 2016 година.
Претходно владејачката партија СДСМ го прифати предлогот на опозициската ВМРО ДПМНЕ поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи.
Откако Заев ќе поднесе оставка до Собранието, шефот на државата Стево Пендаровски треба мандат за формирање техничка влада да му даде на министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски по што Собранието до полноќ треба да го потврди новиот кабинет во кој опозицијата има две министерски места и тројца заменици министри.