477
Претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици ќе присуствува на чинот на свеченото фрлање на крстот во Кочанска река.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во Кочани ќе биде придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и пратеникот Сашко Костов.
По повод верскиот празник Богојавление Водици, министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за финансии, Нина Агеловска и заменикот министер за култура, Владимир Лазовски ќе присуствува на светиот чин на фрлањето на крстот во реката Вардар, Скопје, на Камениот мост, местото викано „Слобода“.