Премиерот Спасовски на видео конференција со Курц и лидерите од Западен Балкан

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски денеска ќе учествува на видео-конференција на Самитот за Западен Балкан 2020, што се одржува под покровителство на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц.

На видео-конференцијата ќе се разговара за соработката на актуелни прашања од интерес на граѓаните од регионот и за проширувањето на ЕУ.

Како што соопшти владината прес-служба, на оваа видео-конференција ќе учествуваат сите премиери од земјите на Западен Балкан и еврокомесарот за еврососедска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји.

Поврзани новости