Премиерот побарал да биде разрешен менаџерскиот тим на „Колска“

by fokus

Менаџерскиот тим на фабриката за шински возила „Колска“ ќе биде разрешен поради неиспорачување на резултати.

Вработените од оваа фабрика денеска протестираа пред Владата барајќи исплата на заостанатите плати и решавање на проблемот со блокираната сметка на фабриката.

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција во Владата соопшти дека поради неиспорачување на резултати побарал директорот и менаџерскиот тим на фабриката да бидат разрешени.

– Како Влада во изминатиот период имаме доделено 35 милиони денари на тоа јавно претпријатие. Финансиските средства се истрошени, работниците немаат плата. Кога ги видовме извештаите дали е намален долгот во изминатиот период, дали е зголемено производството и услугата што тие ја даваат, дали се намалени трошоците, видовме дека не се. И затоа предложив на Влада, веднаш да бидат разрешени директорот и целиот менаџерски тим, надзорниот и управниот одбор. Со оглед на тоа дека  излегов од седница на Влада за да ја одржиме оваа прес-конференција, доколку е завршена,  претпоставувам дека тие се разрешени и дека таму ќе има нов менаџерски тим, рече Ковачевски.

 

Поврзани новости