Премиерот на Велика Британија – Кир Стармер изјави дека Џозеф Бајден не е ниту сенилен, ниту премногу стар за да биде претседател на САД, пишува денеска порталот „Политико“.
Новиот британски премиер по едночасовниот разговор во Белата куќа со Бајден за „Би-Би-Си“ посочи дека американскиот претседател е во „навистина добра форма“.
Порталот потсетува дека Бајден е под огромен притисок да се повлече од изборната кампања за ноемвриските избори, особено по телевизиската дебата со противкандидатот Доналд Трамп, кој води во анкетите.
Сè поголем број демократски претставници, вклучително и актерот и еден од најголемите донатори на партијата, Џорџ Клуни, јасно ставија до знаење дека Бајден треба да се повлече од трката.
– Поминавме низ голем број теми, што беше важно за мене бидејќи тоа беше мојата прва можност за ваква билатерална, а тој покажа неверојатно лидерство, изјави Стармер.