Шведскиот премиер од левиот центар, Стефан Лофвен, денеска официјално поднесе оставка, отворајќи го патот за министерката за финансии Магдалена Андерсон да стане првата жена-премиер на земјата, доколку успее да добие одобрение од парламентот.
Лофвен ја предводеше малцинската коалиција со Зелените од 2014-та година, а претходно оваа година рече дека ќе се повлече пред следните општи избори, кои треба да се одржат во септември 2022 година.
Андерсон минатата недела го замени Лофвен како лидер на социјалдемократите и најверојатно ќе биде првиот избор на претседателот на парламентот за формирање нова влада.
Нејзе ќе и треба барем пасивна поддршка од поранешната комунистичка партија Левица, чиј водач, Нооши Дадгостар, побара да ја опише нејзината политика.
Ако парламентот не ја прифати Андерсон, спикерот најверојатно ќе побара од лидерот на Умерената партија Улф Кристерсон да се обиде да формира влада.