Премиерот на Шри Ланка стана нов претседател откако стариот побегна

by Фокус

Пратениците од Шри Ланка го избраа премиерот Ранил Викремесинге за нов претседател на земјата.

Викремесинг беше избран и покрај тоа што беше непопуларен во јавноста.

Се очекува тој да ја изведе земјата од економскиот колапс и да го врати јавниот ред по неколкумесечни масовни протести.

Поранешниот претседател на Шри Ланка, Готабаја Рајапакса, побегна од земјата минатата недела.

Тој отиде на Малдивите, а потоа и на Сингапур, откако илјадници демонстранти упаднаа во неговата резиденција и други владини згради, барајќи негова оставка.

Поврзани новости