Премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и уште две лица се повредени денеска во сообраќајна несреќа на главниот пат во Тишча кај Шековиќ.
Повредените се упатени во надлежните здравствени установи.
Во сообраќајната незгода учествувале две патнички возила, од кои едното возило на заштитено лице.
На Вишковиќ денеска му беше извршен преглед во Здравствениот дом во Милиќи во Зворник, откако претходно денеска беше повреден во сообраќајна несреќа на главниот пат во градот Тишча кај Шековиќ.
Нему му биле констатирани полесни повреди, а директорот на болницата Иван Поповиќ за РТРС изјавил дека во несреќата се повредени и двајца млади мажи од Брчко, на кои исто така им биле констатирани полесни повреди.
„19-годишниот маж е прегледан и веќе пуштен на домашно лекување, додека 23-годишниот е задржан на опсервација. Нема сериозни повреди или скршеници. Во моментот на несреќата спиел, бил во несвест и превентивно е задржан“, изјави Поповиќ.